Предизвици на лапароскопската поправка на ингвинална хернија
Antovic, Svetozar, Jankulovski, Nikola, Kostovski, Ognen
Opis
Воведувањето на минимално инвазивната хирургија , лапароскопијата , доведе до огромен напредок во хирургијата . Се намалија периоперативниот стрес , се поедностави контролата на болката и постоперативните текови и проблеми , се намалија трошоците и се скрати на онеспособеноста на пациетите за работа постоперативно. Поправката на ингвиналните хернии лапароскопски во светот си најде сооветно место , меѓутоа во Македонија освен инцидентни обиди нема сериозен пристап и план за развој на овој вид на лапароскопска хирургија и покрај бенефитот кој го има. Во трудот ќе ги претставиме и разгледаме податоците во литературата и одделни студии за лапароскопски третман на ингвинални хернии за да ја доближиме идејата за примена на минимално инвазивните техники . Податоците во литературата и студиите укажуваат дека сериозно треба да ги преиспитаме ставовите за натамошен традиционален хируршки третман и постоперативна нега. Воведувањето и примената на новите можности како лапарскопијата со цел подобрување на целокупниот хируршки исход